Накоро ќе јадеме вештачки плескавици?!

popara9 септември, 20111min00
images

Научниците од холандскиот Универзитет во Мастрихт се надеваат дека во наредните година дена ќе успеат да го произведат првиот хамбургер од месо кое нема да биде добиено со колење на животни, туку со производство на нивните мускулни ќелии во лабараторија. Месото во тој хамбругер веројатно ќе биде мазно нешто слично како лигњи, а вредноста на проектот засега изнесува 250.000 евра.

Доколку сето тоа успее, масовната продукција на „месото од епрувета“ е многу веројатна. Пред се доколку сето тоа се прави во одредени услови, од само десет мускулни ќелии од свиња би можело за два месеци да се добие околу 50.000.000 тони месо.

Сепак, моменталните резултати се далеку поскромни, бидејќи научниците досега успеале во лабараториски услови да синтетизираат мало парче свинско месо два сантиметри долго и 0,7 сантиметри широко.

Марк Пост еден од истражувачите сепак е оптимист и верува дека за повеќе од една година луѓето ќе може да јадат вештачко месо. Пост деталите за овој проект ги изнел во магазинот “New Scientist”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag