Никој нема поконтроверзен живот во модата од оној на Наоми Кембел. Овој пат таа изненади со една одлука, која е навистина чудна. Наоми реши да отвори бутик кој ќе работи само една недела. Бутикот се вика “Fashion for relief” , а во него ќе се продаваат уникатни парчиња на светските модни дизајнери. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Во бутикот на продажба ќе се најдат: креации на Burberry, Vivien Westwood, тоалетата која ја носеше Ким Катрал во Сексот и градот, креации на Викторија Бекам, Том Форд, Александар Мекквин.