Милитантите во Кабул, во вторникот попладне со бомби ја нападнале Американската амбасада, и зградата на НАТО. Авганистанската полиција објавила дека четири лица фрлиле гранати од зградите во близина на амбасадата, јавува Sky. Меѓу жртвите е еден полицаец, еден цивил и тројца милитанти, а најмалку девет лица биле повредени.
НАТО на местото на нападот испратил свои сили, и според последните информации, зградата на НАТО била нападната од страна на двајца бомбаши-самоубијци. Одговорноста за нападите ја презеле талибанците, и додале дека тие се одговорни и за нападот во близина на аеродромот во Кабул. Во Американската амбасада и во зградата на НАТО, никој не бил повреден.