Американската агенција за вселенско истражување (НАСА) му соопштила на американскиот Конгрес дека нема финансии за производство на ракета за пренесување на тежок товар во орбитата, која би требало да ја замени флотата на вселенски шатлови . Членовите на сенатската комисија за трговија, наука и сообраќај возвратиле со коментар дека НАСА мора да состави план што може да се реализира, јави Радио слободна Европа. “Производството на ракети за пренесување на голем товар со капсула, не е опција. Таков е законот. НАСА мора да го искористи своето повеќедецениско искуство и милијардите долари од претходните инвестиции и да состави функционален концепт”, соопштиле од сенатот. Од НАСА јавиле дека планот за лансирање на новата ракета до 2016 не бил возможно да се оствари во рамките на сегашниот буџет.
Извор: Нетпрес