Ната ја демантира врската со Ќазим, а тој се разведува од сопругата заради неа!

popara9 септември, 20111min00
nata naslovna

Драмата на Наташа Беквалац продолжува, а и сè повеќе зема размери. Таа конечно излезе и во јавност ја призна “вистината”.

Додека Наташа вели дека врската со Ќазим е лажна и измислица на новинарите, во јавноста излезе уште една приказна која вели дека тој се разведува од сопругата, а причината е Наташа.

Во своето интервју Наташа вели дека лажните приказни отишле предалеку, а сето тоа резултирало со смртни закани. Освен тоа и нејзините родители минувале низ тежок период заради она што и се случувало.

Таа кажала дека со Ќазим се само пријатели. На јахтата на која беа видени заедно биле во друштво на 15-тина пријатели, а таму била и сопругата на Ќазим.

Кога го запознав незнаев која вера е и не знаев што работи. Не ги прашувам такви прашања луѓето кога ги запознавам, вели Наташа.

Со ова што го пишувате направивте компликации и во животот на Ќазим. Сигурно не му е пријатно на него и неговото семејство. Не знам не се слушам секој ден со него, но ова што се случува ги преминува сите граници, додала Наташа во својата изјава.

За личното обезбедување и хеликоптерот на Ќазим, кои таа ги искористи за еден свој настап не искоментира ништо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag