Наташа Беквалац и Данило Икодиновиќ, имале средба кај нивниот адвокат со цел да го решат прашањето за развод, но средбата добила потполно неочекуван епилог.
Српската пејачка во еден момент бесно го погодила со чаша нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, и целата во солзи истрчала од адвокатската канцеларија.
Иако на прв поглед се чинело дека се’ ќе помине во најдобар ред, по само десетина минути, кога почнале да разговараат за распределба на имотот и кога била спомената кафеаната “Така ни било судено“, Наташа се разбеснила, земала чаша и ја истурила водата по што бесно ја фрлила во правец на нејзиниот поранешен сопруг.
Во такво расположение истрчала од канцеларијата на адвокатот, оставајќи ги сите работи во канцеларијата.
Данило и неговиот адвокат биле шокирани, а потоа ги повикале присутните новинари кои чекале пред зградата да го фотографираат хаосот кој зад себе го оставила Наташа.
Извор: Нетпрес