Феликс последниве денови и се додворува на младата манекенка од Нови Сад, веројатано за да го привлече вниманието на Наташа Беквалац.
Поминаа едвај три недели откако Натка го напушти Чазим, а приказните дека тој веќе ја заборавил паѓаат во вода.
Овој албански бизнисмен, познат како Феликс, во моментов се обидува да освои уште една србинка и тоа девојката која живее во близнина на Нови Сад, само за Натка да ја направи љубоморна и повторно да го привлече нејзиното внимание.
22-годишната манекенка У.М. сеуште не е доволно позната за јавноста, но очигледно ова е најзината шанса. Дали професионално или поради љубовниот триаголник, допва ќе видиме.
-Чазим знае дека Натка ја познава оваа девојка и дека сите информации многу брзо ќе стигнат до неа. Но игра на погрешна карта, бидејќи тоа до неа не допира. Да направеше било што друго, можеби ќе ја заинтересираше, вели пријателка на Натка.
Натка за ова време ужива во Будимпешта со нејзината ќерка Хана и во локалниот луксузен хотел деновите ги поминува воглавно во аква-парк. На прашањето дали е запознаена со новиот “чекор” на Чазим, таа само се насмевнала:
-Ха, ха, ха, а кој е Чазим?!