Натпреварот на Мексиканската Премиер Дивизија беше напуштен во саботата вечер, откако се слушнаа истрели од огнено оружје.
Натпреварот помеѓу Сантос Лагуна и Морелија се одигра на стадионот Корона во Тореон, град во северниот дел на земјата. Најпрво се мислело дека било пукано во самата арена, но подоцна се испаднало дека истрелите потекнувале од пресметката помеѓу криминална банда и полицијата која се случувала во непосредна близина на фудбалската арена. Натпреварот и покрај тоа не продолжил.
Како и да е, никој во стадионот не бил повреден во инцидентот, освен еден полицаец кој бил ранет надвор од арената.
Играчите и официјалните службеници на натпреварот во спринт избегаа за да се засолнат во соблекувалните. Погледнете како тоа изгледаше…
httpv://www.youtube.com/watch?v=Z1lrDR8fdMs