Натрапник велегол во куќата на американската пејачка Селин Дион во почетокот на оваа недела, а најинтересно е тоа што се однесувал како во своја куќа.
Осомничениот Даниел Бедард е пронајден на вториот спрат од куќата која се наоѓа на приватниот остров во близина на Монтреал. Полицијата открила дека тој толку се опуштил што се бањал во нејзиниот толет и се послужил со храната од кујната на познатата пејачка.
“Откривме дека си направил пена во бањата, по што што се послужил со храната од фрижидерот”, вели претставник од полицијата.
Селин, нејзиниот сопруг и манаџер Рене Агнели и нивните три деца биле надвор од градот. Во меѓувреме натрапникот ја прескокнал оградата, се обидел да влезе во куќата преку главниот влез, но не успеал. По обидот тој влегол во автомобилот на Рене во кој се наоѓал далечинскиот управувач со кој ја отворил вратата од гаражата. На овој начин тој влегол во внатрешноста на куќата.
Осомничениот се симнувал по скалите кога ги видел полицајците. Тие веднаш го уапсиле и сега Бедард е обвинет за провала, кражба на моторно возило и оштетување на приватна сопственост. На суд ќе се појави на 21 ноември.