Назад пред 3 векови – Ископини од стари кинески династии

popara2 септември, 20111min00
kina-naslovna

Археолозите во Кина, по напорната работа се сведоци на скоро 3000 години стари остатоци од коњи и дрвени кочии кои и припаѓале на Зоу династијата во Кина. Комплетното ископување открило четири коњи заедно со кочиите, за кои се смета дека најверојатно потекнуваат од 770 година п.н.е.

Бездната во која се најдени остатоците многу добро ги зачувала доказите од бронзени садови и керамика кои ѝ припаѓале на Зоу династијата. За среќа, досега овие ископини не биле пронајдени, па крадците не можеле да ги ограбат и уништат.

Археолозите претпоставуваат дека оваа гробница е на некој службеник од династијата – грнчарија, метално оружје и записи најчесто се наоѓале во гробници на луѓе од средна класа. Освен што е ова важно откритие за археолозите, уште поважно е за историчарите на кои ова ексклузивно ископување им дава доста податоци на ритуалите при закоп во раните зачетоци на  Зоу династија.

Највредно откритие засега е комплетниот сет од кочии и коњи, сите со различна големина и форма. Тоа што коњите во гробницата се поставени на страна значи дека пред погребот биле усмртувани или веќе мртви, а не живи закопани.

Во овој период во Кина, во подем била изградбата на иригациони системи, а се развивало и кинеското писмо. Ова е исто така, време на големи кинески филозофи како Конфучие.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag