Не била една, туку биле четири жени!!! Проблемот на Ештон Качер четирикратно се зголеми!!!

popara4 октомври, 20111min00
ashton-kutcher

Проблемите на актерот Ештон Качер секојдневно се зголемуваат! Откако во јавноста излезе информацијата дека актерот годишницата од својот брак ја поминал со 23 годишната Сара Лил, се проширија гласини дека Ештон и неговата сопруга Деми Мур ќе се разделат. За приказната за неверството на Ештон да биде уште посочна, се појавија нови шпекулации дека освен Сара Лил, во хотелската соба со Ештон биле уште три згодни плавуши, со кои актерот ја поминал ноќта во „Хард рок“ хотелот.

„Го видов Ештон во џакузито на балконот со мојата девојка Алексис, со Сара Лил и со уште две девојки, Кети и Марта. Сите беа голи и Ештон бараше каде има вотка. Откако вработениот на неговата јахта Зек му кажа дека не може да му ја донесе, Ештон отиде сам да ја земе вотката и тогаш го видов скроз гол“, изјавил Гевин Наумов, дечко на една од „плавушите“ со кои Ештон ја поминал ноќта.

„Зек и Алексис се мои најдобри пријатели, а исто така и Сара. Ако вели дека спиела со Ештон, јас сум сигурен дека ја зборува вистината“, вели Наумов, чија работа е да изнајмува згодни девојки во клубовите во Сан Диего и Вегас, кои на познатите личности најчесто им нудат секс. Кажано со еден збор, Наумов е всушност макро.

Иако досега сними само една епизода за серијата „Два и пол мажи“, изгледа дека Ештон Качер го зафати „синдромот Чарли Шин“. Најдобро ќе му биде на Ештон да се смири, бидејќи токму разузданото однесување на Чарли Шин доведе тој да биде отпуштен од серијата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma