Не е лесно кога немаш пријатели!!! Канаѓанец праќал илјадници пораки во шишиња за да си најде друштво!!!

popara29 септември, 20111min00
message

Кога немаш другари, ќе сториш се за да си најдеш… Канаѓанец испратил повеќе од 4800 пораки во стаклени шишиња во Атланскиот океан со надеж дека некој ќе ги најде и ќе му одговори. Иако звучи неверојатно, тој во изминатите години добил повеќе од 3100 одговори.

Херолд Хакет, кој живее во најмалата канадска провинција Островот на принц Едвард, вели дека осаменоста го натерала да испраќа шишиња со пораки. Тој користи секакви стаклени шишиња во кои става порака со датум на испраќање и негова адреса, во која ги замолува оние кои ќе ја најдат да му жишат назад.

Хакет на шега вели дека пораките во шишиња се всушност најстарата форма на социјални мрежи. Тој своето хоби го започнал во 1996, а оттогаш има добиено одговори од САД, Русија, Исланд, Холандија, Велика Британија, Флорида, па дури и Африка и Бахамите.

„Секоја година добивам околу 150 божиќни честитки, подароци и сувенири“, вели Хакет и одава дека со некои луѓе се допишува често. Тој испраќа околу 200 шишиња неделно и вели дека ќе продолжи со своето хоби до крајот на животот.

Верувале или не, дел од писмата кои тој ги добил како одговор на неговите пораки се изложени во Музејот на Рипли: Верувале или не! во Њујорк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag