Проблеми со хидратација на Т-зона, распукани капилари околу носот, брчките околу очи, веќе некое време ги држиме под строга контрола, со помалку или повеќе успех… Крајно време е да посветиме малку време и на рацете.
Со влегувањето во 30-тата се појавуваат кафени дамки, црни точки од распукани капилари, и други необјаснети дисколорации. Но со годините, доаѓа и првиот проблем- збрчкани раце кои веќе не можете да ги сокриете. Сепак, се заблагодаруваме на технологијата, откриен е интензивен метод кои успешно ги решава барем некои проблеми со кожата на раката.
Неодамна во клиниките се појави ласерско чудо Nd:YAG, кои по првиот третман трајно ги отстранува дамките од задниот дел на рацете. Како превенција се препорачува редовно ставање крема на рацете со заштитен фактор и носење на парафински ракавици во текот на ноќта.