Во петокот, негде околу 2 часот по полноќ еден крадец се обиде да ограби една продавница . Но, тој имаше тешка борба самиот со себе. Маската од неговото лице се тргна, па со оружјето во рака тешко беше да се намести. По неколку обиди, свртен кон безбедносните камери, крадецот се сврте кон вратата за да ја намести маската и влезе во акција. Но, неуспешно. Од продавницата излезе со празни раце. А малото невнимание беше наградено со затвор.