Песните на Бисти Бојс, Продиџи и Кание Вест се прогласени за композиции кои се најопасни да се слушаат додека управувате со автомобилот, објавил весникот NME. Од друга страна, најбезбедно е да ги слушате песните на Адел, Џек Џонсон и Колдплеј, покажало истражувањето на Halfords. Испитаниците во анкетата биле прашани дали им се менува однесувањето за време на возењето, во зависност од тоа каква музика слушаат, а 60% од нив одговориле “да“.
Меѓу песните кои веројатно ќе го наведат возачот да ја зголеми брзината се, “Sabotage” на Бисти Бојс, “Firestarter” на Продиџи и “Stronger” на Кание Вест. На прашањето кои песни делуваат смирувачки, возачите меѓу првите пет ги навеле песните на Џек Џонсон, потоа Адел со “Someone Like You” и “Yellow” на Колд плеј.