Суштество налик глушец кое се криело во нискостеблестите растенија пред 160 милиони години, наводно е далечен предок на современиот човек, истакнуваат група научници.
Малите, крзнени цицачи живееле во областите во североисточна Кина, во времето Јура ерата во која владееле диносаурусите.
Неверојатно добро сочувани остатоци од овие праисториски животни, биле откриени во подрачјето Liaoning богато со фосилни остатоци од диносауруси и праисториски птици. Фосилот има некомплетен череп, дел од скелет и остатоци од меки ткива.
Фосилот наречен Juramaia sinensis е најстарото откриено животно од групата плацентни цицачи кои раѓаат живи младенчиња. Во оваа група на животни денес спаѓаат, кравите, глувците, лавовите, тигрите, кучињата, коњите, китовите и секако приматите.
„Juramaia sinensis е прабаба на сите плацентни цицачи кои постојат денес“ изјавува Палеонтологот Ze Hi Luo.
Анализата на фосилните остатоци покажуваат дека ова праисториско животно било многу мобилно, најверојатно со леснотија и се искачувало на дрвјата. Неговата подвижност многу му помогнала во преживувањето во времето Јура.
Истражувачите ова откритие го сметаат за револуционерно и како камен темелник за објаснување на еволуцијата на цицачите која започнала 35 милиони години.
Името Juramaia sinesis значи „Кинеска мајка од ерата на Јура“