Организаторите на германските награди Квадрига објавија дека се повлекуваат од доделување на наградата за рускиот премиер Владимир Путин.
Организаторите на Квадрига ги навеле како причина “бројните критики во медиумите и политичкиот свет“ и укажале на длабоко жалење поради веста дека поранешниот чешки претседател Хавел сака да ја врати таа награда која ја добил во 2009 година, ако таа навистина му биде доделена на Путин.
“Квадрига се извинува на сите инволвирани страни… и принудена е, со многу желење, да се повлече од доделувањето на наградата… поради високиот притисок кој станал неиздржлив и кој се заканувал со дополнителни непријатоности“, навела организација во соопштението.
Одлуката на организаторите да се откажат од Квадрига наградата за Владимир Путин нема да влијае на односите меѓу двете земји, Русија и Германија, а Москва ќе ја почитува одлуката на организацијата, изјавил портпаролот на рускиот премиер Дмитриј Песков.
Наградите Квадрига инаку се доделуваат секоја година од германското друштво Веркштат Германија, на личности кои покажале високи граѓански храбрости и способности, а Путин требал оваа награда да ја преземе на 3 октомври на денот на германското единство. Тој според мислењето на дваесетчленото жири ја стабилизирал својата држава и понатаму ја води кон стабилност и просперитет во склад со сопствениот национален идентитет.
Оваа награда ја имаат добиено Михаил Горбачов, Вацлав Хавел, Хелмут Кол, Герхард Шредер и други истакнати политичари.
One comment
yeah
17 јули, 2011 at 19:11
glupost..na ti pa pishman…a tipot zasluzuva…:(