По летниот период и изложувањето на сонце, на Вашата кожа и е потребна длабинска хидратација. Уште ако сте користеле креми кои содржат овошни киселини, тогаш неизбежен проблем сигурно ви претставуваат флеките и акните.
Дури 70% од човечкото тело е вода. Без вода организмот не може да функционира, бидејќи водата е главен фактор на сите метаболички процеси. Водата има посебно благородно дејство на кожата: ја чисти, масира, зацврснува и тонизира и ја регулира динамиката на создавање на нови клетки.
Кога на организмот му недостасува вода, клетките се сушат и се забрзува нивното стареење. Со оглед на тоа дека губењето на вода најмногу се должи на изложеноста на UV зраци, по периодот на сончање потребна е длабинска хидратација. Со губењето на вода, сврзното ткиво слабее, а се намалува и колагенот и еластинот, па кожата се опушта и губи еластичност.
Освен основните 8 чаши вода на ден, за убава и мазна кожа потребни се и одредени препарати за хидратација. Ви ги препорачуваме да го пробате следниот план за ревитализација на вашата кожа кој се состои од три чекори:
– биолошки пилинг: покрај домашниот пилинг кој треба да се прави еднаш неделно, а кожата и е потребен и професионален пилинг за отстранување на изумрените клетки кои секојдневно се акумулираат на вашата кожа. Важно е овој вид на пилинг да биде прилагоден на Вашата кожа, за да има целосен ефект.
– ампула: ампулата се нанесува по пилингот и има за цел да го обнови средниот дел на кожата, да ги зацврсти клетките на епидермот и да спречи губење на влажноста на кожата.
– серум за хидратација: се препорачува серум на база на нектар или мед, кој содржи натриум хлорид и полисахариди кои ќе и дадат на вашата кожа дополнителна влажност.
На крајот на овој третман се препорачува нанесување на маска од алги или глина, која ќе и даде дополнителен сјај и еластичност на вашата кожа.