Направената снимка над Белград на 19 ти август сведочи за моментално неиндитификувана појава.
Опредена група славеници на роденденска журка успеа да ја сними необичнава појава со помош на мобилен, но и самите не знаат за што станува збор. Најпрво помислиле дека можеби е само балон, но објекот пребрзо се движел што уште повеќе ги заинтригирало присутните гости на забавата.
Дури и останатите кои ја имаат погледнато снимката немаат конкретно објаснување, па нафрлаат несериозни објаснувања дека се работи едноставно за брз балон. Како и секогаш НЛО ентузијастите се потпираат на нивната матична теорија т.е дека логично објаснување за ваквата појава е само едно – станува збор за вонземјанско летало.
Што им е целта на вонземјаните за посетата на небото над Белград сеуште е знак прашалник, но бидејќи се во блискиот регион се надеваме ќе ја посетат и нашата земја.