Ова е листа за неубавите вистини за мажите, кои доколку ги прифатме и сватиме ќе ни биде многу полесно.
Не можат да одолеат на заведувањето. За мажот нема нешто повозбудливо од заведувањето. Па искористете го тоа во своја корист. Заведувајте го со танц, во кој полека ќе ги симнувате парчињата облека од себе. Во тој момент неговата возбуда нема да му дозволи да ги забележи вашите недостатоци, како што се целулит, стрии и слично. Затоа опуштете се и дадете се од себе.
Они мораат да гледаат во други жени. Тоа е сосем природно и нормално. Тоа е антрополошко феномен, и женките горили се вртат по мажјаците кога поминуваат покрај нив. Сите сакаат да гледаат убави нешта. Кога ќе забележите дека партнерот се врти по убава жена, не значи дека е бесчувствителен, само го понел инстиктот.
Мажите се големи деца, и се гордеат со тоа. Тоа најмноу може да го забележите кога, во друштво гледаат некој спортски натпревар. Тие се радуваат на мавање, додавање и голови како 10 годишно момче. Но, оставете го нека ужива во тие моменти. Подобро е да биде дете со своите другари отколку пред вашите родители.
Мажите се перверзни. Они постојано мислат на секс. Нивните сексуални фантазии без срам ги покажуваат во јавноста, за разлика од нас жените. Сакаат да гледаат порно филмови, но сепак на крајот покрај себе избираат некоја како вас.
Обожуваат орален секс. Тоа е нешто што најмногу го сакаат, и при едно истраување повеќето од половината испитраници се изјасниле дека тоа им претставува најголемото уживање. Тоа е нивната замисла за појадок во кревет.
Не сакаат наговестување. Мажите не сакаат да читаат меѓу редови. Се што сакате да им кажете кажете им јасно и гласно. За се што сакате да дознаете прашајте, не очекувајте дека они ќе се замараат со ситници, како жените.
Не го разбираат денот на Вљубените. Они незнаат што од нив се очекува за овој ден. Наместо кавга, изберете да им кажете дека се ближи денот на вљубените и може да одите на вечера. Потсетете го на датата и можеби ќе ве изненади со нешто подобра идеја од одење во ресторан. Можеби.