Не стигнувате да го јадете појадокот пред работа, а таму немате друг избор освен пецива? Решение – припремете појадок претходната вечер за наутро да ви биде спремен, или парче црн леб со мед и овошје.
Сте се навикнале да пиете сок наместо вода?
Решение-Соковите и другите пијалоци кои содржат шеќер, би требало да ги доживувате како десерт. Здравата варијанта се сокови направени од свежо овошје,чај без шеќер или лимонада.
Не можете да се воздржите кога ќе мириснете пица?
Решение – Ако баш не можете да ја избегнете пицата, не морате. Поентата е во нејзиниот состав, таа со сланина или шунка е калорична од онаа која на себе има само зеленчук, па затоа одлучете се за втората варијанта.
Обично ставате многу прелив во салатата
Решение-кога ќе ја изедете салатата со прелив од мајонез, тоа е исто како да сте јаделе хамбургер. Подобро да пронајдете начин за вашата салата да биде здрава.
После лесниот појадок секогаш сте гладни покасно?
Решение-Вашиот појадок не треба да биде во мали количини. Слободно можете да јадете зеленчук и овошје во големи количини. Ако покасно во текот на денот осетите глад, земете за ужина нешто што имате со вас, како што се бадеми, лешници кои ќе ви олеснат за да издржите до вечер.