Неколку трикови за неудобни чевли

7 февруари, 20110
Print

Сигурно до сега ви се има случено да дадете поголема сума на пари за еден пар чевли, и токму тие чевли да претставуваат голема болка додека ги носите. Сигурно нема да ги оставите чевлите во шкафот и да заборавите на нив. Има неколку трикови, кои ќе ви помогнат да направите од најнеудобните чевли удобни чевли кои ќе ги носите без никаков проблем.

Компир- Доколку вашите чевли се тесни, земете едне компир со средна големина, излупете го и ставете го чевелот. Оставете го така цела ноќ, како би го оставиле сокот од компирот да дејствува. Тоа ќе ги рашири вашите чевли и повеќе нема да ве стегаат. Слободно може да го ставите и во кожени чевли.

Кеса со вода- наполнете ја кесата со вода, која ја користите за замрзнување, и ставете ја во чевлите кои ве стегаат. Важно е кесата да е доволно голема, за да ја исполни целата внатрешност од чевлите. Потоа чевлите ставете ги во замрзнувачот и оставете ги еден ден.

Алкохол- тој најдобро делува на кожените чевли. Прво пронајдете го местото кое ви предизвикува болка. Тоа место намачкајте го со алкохол. Потоа истото ќе биде помеко.

Чорапи и весници- Намокрете ги чорапите во вода, исцедете ги и ставете ги во чевлите. Кога се сушат, чорапите се шират. Оставете ги нека се исушат во чевлите. Оваа постапка може да ја направите и користејќи весници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber