Нелсон Мандела примен во болница

26 јануари, 20110
2-nelsonmandela

Поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсон Мандела е хоспитализиран ноќеска наводно поради рутински медицински анализи, што сепак предизвикало голем страв во јавноста за здравјето на деведесет и двегодишната икона на борбата против апартхејдот. Мандела е во болница во Јоханесбург на редовна контрола, но радиот Ток 702 јавува дека бил прегледан до специјалист пулмолог, што упатува на проблеми со дишењето. Владејачката партија Афрички национален конгрес повикал на смирување на тензиите кои се појавиле по веста. Во болницата веќе го посетиле семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Вини. Мандела се повлече од јавниот живот во јуни 2004 година пред својот 86-ти роденден. Тогаш тој на своите сонародници им порача “Не барајте ме, јас ќе ве повикам вас“. Во јавноста не се појави од финалето на Светското фудбалско првенство во јуни лани.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi