Можеби на светската сцена изгубија многу од своето влијание како глобална суперсила, но сепак американците може да се утешат со тоа дека се „најкул народ“ во светот, јавува Ројтерс.
Анкетата која била спроведена онлајн, а опфатила околу 30.000 испитаници од 15 земји, покажала дека покрај целиот анти-американизам кој владее во светот, сепак огромен број луѓе се уште ги сметаат американците за „кул“.
Се разбира не се сите американци „кул“. Тој епитет се врзува пред се со луѓето од шоубизнисот како Снуп Дог, Лејди Гага, Џони Деп, Квентин Тарантино, како и за светската технологија како Стив Џопс.
Втори на оваа листа се бразилците, третти се шпанците кои воедно се најкул европски народ. Потоа следуваат италијаните, французите, а шестти се британците.
Во групата „најмалку кул народ“ се белгијците, пољаците, турците и канаѓаните.