Глумицата Сандра Булог пред околку две година ја прекина врската со нејзиниот прељубнички сопруг Џеси Џејмсон. Потоа таа со посвоеното синче се повлече од очите на јавноста. Неодамна се откри дека е во врска со глумецот Рајан Рејнолдс. Американските медии пишуваат дека тие се спремаат за тајна венчавка.
– Рајан и кажа на Сандра дека е спремен на брак кога таа ќе посака. Таа долго време помина во размислување, а очигледно сфати дека сега е вистинскиот момент.Тие се одлучија за интимна свадба на плажа каде ќе бидат боси на брачниот ритуал, изјави близок пријател.