Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, им забранил на своите фудбалери да учествуваат во социјалните мрежи, за да не излегуваат информации од соблекувалната.
Се смета дека причина за ваквиот потег на Мурињо е Серхио Рамос. Тој на својот профил на Твитер напишал „Патувам со момците во Барселона на натпревар од суперкупот”.
Kога дознал дека таа информација завршила на социјалната мрежа Мурињо „полудел”. Утредента на тренингот Мурињо им забранил на своите фудбалери да ги користат социјалните мрежи. Серхио Рамос набрзо ја избришал пораката од својот Твитер профил.
Многу од фудбалерите на Реал Мадрид се активни на социјалните мрежи, но не лично. Поголемиот дел од профилите ги уредуваат агенти за односи со јавност, но некои од нив сами си ги водат профилите. Голманот Касиљас често на Фејсбук става слики од неговата девојка.