Американскиот пар Тајлер (24) и Беркли (21) снимаат порно филмови во живо само за да ја прехранат својата едно годишна ќерка. Тие двајца се нашле во финансиски проблеми и за да може да ги плаќаат сметките водат љубов во живо на еден порнографски сајт, додека нивното бебе спие во соседната соба.
Тие заработуваат и до 1000 долари неделно, ако пет пати во живо одработат сексуална акција.
„Само за една вечер и тоа за 30 минути заработивме 300 долари“, изјавил Тајлер. Клиентите кои гледаат на веб страницата плаќаат по седум долари на минута, околу 75% ги зема веб сајтот, а остатокот ние.
Понекогаш, парот исполнуваат и желби на гледачи. Најбизарните барања кои ги добиле биле кубење за коса, гризење и робство.
Парот се снима во спалната соба со аматерска камера, додека нивната ќерка спие.
„Ако го чуеме бејбифонот, веднаш престануваме со снимање“, изјавил Тајлер. Единствено лоша страна во сето ова за нив е тоа што повеќе не уживаат во својата интимност.
„Тешко е секоја вечер да водиш љубов, по два, три часа, и да вршиш некои работи по нарачка“, објаснил парот.
Парот заедно се веќе пет години, кога го откриле овој начин на заработка едноставно неможеле да одбијат ваква понуда.
„Не сакаме да сме без пари, порнографијата тоа ни го овозможува. Сакаме нашата ќерка да има се и пристојно да живееме, а јас и Беркли да завршиме школо“, изјавил Тајлер.
httpv://www.youtube.com/watch?v=GEH-VI950Yw