Поранешниот станар на Големиот брат, Никола Немешевиќ – Немешм кој “улета” со автомобилот во влезот на една новинарска редакција во Белград, објаснува зашто се одлучил на ваков инцидент.
“Бев испровоциран од постојаното изнесување на лаги за мене и потполен недостаток на новинарска етика”, вели изреволтираниот Немеш.
Да се потсетиме, Немеш со автомобилот се “паркирал” во самиот влез на редакцијата Пулс и почнал да вика по уредниците поради невистините кои се објавени.
Поранешниот станар на Големиот брат, вели дека полицијата не се појавила на местото, бидејќи немало потреба.
“Немаше потреба од полиција. Не ме интересира што во иднина ќе пишуваат за мене. Сфатив дека во весниците не ме интересира ништо друго освен тв програма и спорт. И ништо не зимам здраво за готово”, изјавил Немеш.