До сега имаат излезено илјадници интервјуа со мега ѕвездата Елвис Присли. Но, имало и такви кои до сега не биле никогаш објавени. Едно од нив ќе види бел ден на 27-ми септември оваа година.
Тој го дал ова интервју кога имал 21 година.Еден дел од него е објавен како најава. Во него пишува дека на почетокот на својата кариера тој се чувствувал многу осамено. Салавата го оттргнувала од другите луѓе. На почетоците од успешната кариера тој посакал и да се ожени и да има семејство. Многу му недостасувало смејството во детството, тој сакал да има брат или сестра.
“Бев единец, но моите деца можеби нема да бидат. Сеуште не сум ја пронашол вистинската жена, за да основам семејство. Но, се надевам дека тоа ќе биде наскоро, изјавил 21 годишниот Елвис. “Мислам дека со неа, која и да е, ќе се чувствувам безбедно, каде и да сум, додал во својата изјава.
Но тој се оженил дури во 1967 година и тоа со Присила Присли, со која ја доби ќерката Лиса Мари. Тие се развеле по само шест години брак.