Необични еколошки „капсули“ за комфорно кампување

popara17 ноември, 20111min00
0

Доколку ви е здодеано од разни хотелски соби, „кожурците“ на фармата Атлантик Сурф се вистинското решение за вас. Станува збор за специјално дизајнирани капсули големи колку една соба и опремени со сите модерни погодности, кои треба да ви ја доловат возбудата на кампувањето без да морате да се откажете од комфорот.

Атлантик Сурф Подс се наоѓа во Северен Корнвол, Англија во близина на прекрасни плажи кои нудат одлични можности за пливање, сончање и сурфање. Освен уживањето во прекрасната природа и необичното сместување, на располагање имате прекрасен двор каде може да уживате додека го гледате ѕвезденото небо или пак да правите скара на отворено.

Освен што се уникатни и неодоливи, капсулите се целосно изработени од еолошки материјали и во харминија со природата. Атлантик Сурф Подс е идеално место за авантура, бидејќи е комбинација на кампување и комфор. Најдоброто нешто за овие капсули е што се достапни за секого, бидејќи ноќевање чини 65 до 85 евра, што е прилично ефтино во споредба со понудите за хотелско сместување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag