Неуредноста во домот дебелее?!?

popara8 декември, 20111min00
neurdednost

Доколку вашиот дом е во хаос, многу е веројатно дека имате лоши навики на исхрана. Првиот чекор кон подобра линија е да направите генерално чистење на вашиот дом, затоа што истражувањата покажаа дека неуредноста значително влијае на вишокот на килограми.

Од нередот во домот се дебелееме, а средувањето и чистењето се првиот чекор кој витка линија, тврди Петер Велш, автор на книгата „Дали изгледам дебело во хаосот“.

Основната идеја е дека, доколку живеете брз живот и постојано сте во брзање, најверојатно имате лоши навики на исхрана, а тоа се огледува во неуредноста на вашиот дом. Неуредноста во домот се акумулира, како што се акумулираат и килограмите, бидејќи немаме контрола над сопственото време.

Вишокот килограми, според Велш, е последица на начин на живот, па недостатокот на време, нередот и хаосот во домот се поврзани со дебелината. Состојбата на нашиот дом е огледало на нашата свест, тврди Велш.

Првиот чекор кон успешно ослободување на вишокот на килограми е преиспитувањето и средувањето на нашиот дом. Во неуредна кујна, со валкани садови невозможно е да уживате во подготовката на здрави оброци. Организирате го вашиот живот за да не страда  вашето здравје.

Обидете се да се планираат оброците однапред. Во вашиот дом секогаш треба да здрава и свежа храна, па затоа најдобро е да го купувате само она за кое што сте сигурни дека е добро за вашето тело, и тоа со однапред подготвена листа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag