Неверојатната градска библиотека во Штутгард

popara4 декември, 20111min00
bib

Предлог дизајнот за нова градска библиотека во Штутгард  на кореанскиот архитект  Еун Јанг Ли беше избран во 1999 г во селекција од 235 натпреварувачи.

Изградбата на библиотеката вредна 80 милиони евра започна пред три години, а свеченото отворање се одржа во месец октомври оваа година.

Архитектот Ји ја креираше во форма на монолитна коцка со два ката под нивото на земјата и уште девет над нив.  Надворешноста како и внатрешноста  се во бела боја. Внатрешноста на зградата е поврзана со отворени скалила а полиците со книги се сместени на надворешниот  _ид на секој  кат.

Како интересен момент поради фактот дека во суштина библиотеката е  „складиште“(магацин) на зборови, на _идовите однадвор  е напишан зборот „библиотека“ на четири јазици. На  северниот _ид на германски јазик (локалниот јазик), на западниот на англиски (лингва франка или јазик кој се користи во цел свет), на југ на арапски ( јазик познат и во времето на античките цивилизации и поради фактот дека се збратимени градови Каиро и Штутгард) и на исток на корејски ( во чест на архитектот Ли). Компанијата на Ји „ Ји Архитектс “  е со канцеларии во Келн и Сеул, и е учесник во јавните проекти во повеќе музеи и универзитети.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag