Ни следи дуел со Србија или Литванија

popara12 септември, 20111min00
Eurobasket-2011-p2

Во групата каде се наоѓа и нашата репрезентација, немаше некои поголеми изненадувања. Победи забележаа репрезентациите на Србија, Шпанија и Литванија. Со ова се доби и конечниот пласман екипите во групата „Е”. Шпанија е прва, Франција втора, трета е Литванија додека четврта е репрезентацијата на Србија. Така доколку ние завршиме први во групата ќе играме со Србија, а доколку завршиме втори ќе играме против селекцијата на домаќинот Литванија.

Репрезентацијата на Србија успеа да ја совлада Турција, во изедначен натпревар, со 69-68, и со тоа успеа да се пласира во четвртфиналето. Интересно, Турција имаше шут за победа, кој на 4 секунди пред крајот Ерсан Лијасова го промаши. Најефикасен во тимот на Србија беше Милош Теодосиќ со 20 поени.

Во дуелот на можеби најдобрите репрезентации на турнирот, Шпанија ја декласираше Франција со 96-69. Пресудна беше третата четвртина во која Шпанија по изедначеното прво полувреме успеа да направи серија од 27-4. На Шпанија и одеа ударите од линијата за 3 поени, тие постигнаа 10 тројки од 19 обиди. Најефикасен кај шпанската репрезентација беше Наваро со 16 поени.

Домаќинот Литванија успеа да ја совлада Германија на Дирк Новицки со 84-75, и со тоа ги исфрли Германците од турнирот.  Резултатот на 2 минути до крајот беше 75-75, меѓутоа до крајот Литванија одигра одлично и не и дозволи на Германија да постигне ниту еден поен до крајот. Најефикасен во литванскиот тим беше Каукенас со 19 поени. Солиден беше и Јасикевичиус со 17 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag