Џенифер Анистон често е мета на папараците, а од кога е во врска со Џастин Терокс фотографите не ја оставаат ни миг да здивне. Последицата на тоа ја почувствуваа и нејзините нови соседи кои заради силните медиски случувања животот им се претвори во пекол. Глумицата неодамна се пресели во нова куќа со Џастин, а папараците почнаа секојдневно да кампуваат во соседството што донесе до хаос, врева, расправии, влегување во туѓ имот и други работи.
Упорните фотографи блокираат улици, се паркираат на влезот на куќите па дури и предизвикале некоја несреќа. Фрустрираните соседи повикале полиција, која ги засилила патролите во тој кварт, па сега со се папараците може да се види и по некој полицаец како шета на улица. На соседите не им е мило што оваа ѕвезда се преселила кај нив, тие си го сакаат само мирот.