Никој не смее да ја фотографира Пенелопе Круз!

popara17 септември, 20111min00
penelope

Телохранителите на познатата актерка која го снима филмот „Venturo al Mondo во Сараево, се судрија со бројните фоторепортери, па морала да интервенира и полицијата.

Веднаш пред Куршумли медрес, во чиj двор се одвива четвртиот ден од снимањето, се собрале огромен број на обожаватели кои слушнале и биле воодушевени од идејата дека Пенелопе е тука. Исто реагирале и фоторепортерите кои се обидувале да фатат барем дел од целокупната атмосфера на снимањето…На почетокот, обезбедувањето само усмено ги предупредило папараците, но потоа пробале и физички да ги оддалечат од местото, иако тие стоеле на другата страна од улицата.

Со оглед на тоа дека улицата е јавно место, фоторепотерите не сакала да се поместат, па обезбедувањето употребило и физичка сила за да ги тргне подалеку.

За да не дојде до поголем супир и тепачка интервенирала и полицијата, но фотографите и понатаму останале на улица.

Според медиумите, постои нервоза помеѓу филмската екипа, бидејќи снимањето не се одвива по саканото темпо. Бројни локации се веќе прескокнати, а не се баш искординирани и продуцентските куќи кои работат на проектот.

Актерката, откако стигнала во Сараево, побарала да се забрани фотографирање, а кога се движи низ градот ја пратат голем број на телохранители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma