Американскиот научник со српско потекло Никола Тесла, чии пронајдоци придонесоа за технолошки прогрес на светот, е четврт на листата “инженери хероји“, во изборот на 900 британски студенти, идни инженери, кои учествувале во анкетата на фирмата Џенерал Илектрик.
Прво место на оваа листа го завземал Кингдом Брунел, познатиот британски архитект, кој во првата половина на 19 век работел на изградба на мостови и железнички мрежи, а воедно се смета и за градител на модерната Британија, пренеле француските медиуми.
На второто место се најде Џејмс Дајсон, англиски иноватор познат по големата поддршка на инженерски проекти, кому слава и богатство му донесе патентот на правосмукалка.
Третото место го зема извршниот директор на Apple, Стив Џобс, со пронајдоците како што се плеери, ipod, iphone, ipad, tablet.
Никола Тесла кој се најде на четвртото место на оваа лсита, најголем придонес во науката донесе како пронаоѓач на ротирачкото магнетно поле. Индукцијата на мотор, полифазна наизменична струја, генератор и комплетен систем на производство и дистрибуција на електрична енергија.
По Никола Тесла, на листата следат многу познати личности како Бил Гејтс, Исак Њутн, Алберт Ајнштајн и Томас Едисон.