Николина Пишек: За мојот изглед заслужен е фотошоп! Е барем си призна…

popara19 септември, 20111min00
nikolina pisek

Познатата хрватска водителка Николина Пишек призна дека за нејзиниот добар изглед најзаслужен е Фотошоп!!!

„Себеси воопшто не се сметам за згодна личност, но фотошоп прави чуда“, изјавила познатата водителка кога ја запрашале која е тајната на нејзиниот фантастичен изглед.

Во моментот Николина спрема нова авторска емисија на телевизија „Пинк“. Таа соработува со Огнен Амиџиќ во осмислување на целиот концепт за новата емисија, но вели дека планира да вработи цел тим на луѓе.

„Мислам дека соработката со Огнен е гаранција за успех на проектот. Во животот никогаш не сум имала големи планови. Всушност, јас никогаш не планирав да работам на телевизија, но ете тоа се случи. Сметам дека авторски ток-шоу е врв на сечија водителска кариера. По шоуто ќе мора да се пензионирам, бидејќи незнам што понатаму да направам“, на шега вели Пишек.

На прашањето дали повторно би се обидела dа стане пејачка, Пишек вели дека би го направила тоа само доколку некој ја присили да пее.

Концептот на нејзиното авторско шоу сеуште не е познат, но се најавува како сензација на „Пинк“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma