Најновиот iTunes бета наменет за програмерите вклучува неколку референци на CDMA iPhone 4S, каде пишува 9to5mac. Системот на Apple на тој начин содржи референци на iPhone 4S, под шифрирано име “N94AP”. Никаде не се споменува iPhone 5.
Неколку извори кои се потпираат на Mashable тврдат дека сигурно Apple ќе го објави само iPhone 4S, а неколку други веруваат дека Apple ќе излезе со обновената верзија на iPhone 4 и исто така со тоа ќе биде претставен и iPhone 5. Никој навистина не е сигурен што ќе представи Apple во вторник.
Се шпекулира дека iPhone 4S ќе биде претставен како средна класа на телефон, а дека неговиот наследник iPhone 5 ќе биде претставен со сосема нов дизајн и далеку понапредни технолошки карактеристики.