На 14-ти октомври во петокот, ноќното небо над местото Трзебница во Полска, беше осветлено од сина флота, од за сега непознати летечки објекти, за кои се смета дека се вонземјани.
Сведоците стоеле во бунило и ја набљудувале необичната „парада“ која се одигрувала над нивните кровови, а некои биле толку прибрани што успеале да го снимат случувањето.
Веднаш започнале шпекулациите, а една од првичните теории е дека се работи за вонземјанска флота. За сега не е јасно, зошто би се движеле низ небото во толкав број, привлекувајќи внимание на себе, а некои од нафрлените теории сугерираат на тоа дека вонземјаните ги напуштаат своите бази на Земјата.
Имено, преку интернетот веќе некое време се шират теории за крајот на човештвото, а идејата дека и вонземјаните не напуштаат, не наведуваат кон пораката дека нема спас и дека на Земјата и предстојува голема катастрофа.
Секако, овие теории се далеку од потврдените, исто како и таа која тврди дека во овој случај едноставно станува збор за мигрирање на вонземјаните во топлите краеви.
Овде можете да го погледнете видеото од настанот :