Нло над Фрушка гора

popara21 септември, 20111min00
nllo

Радио телевизија Војводина деновиве објави фотографија на која се гледа непознат летечки објект. Фотографијата била направена на 10 ти септември на падините на Фрушка гора.

На фотографијата која ја доставил Владимир Шегуљев од Нови Сад може да се види летечки објект сликан над селото Буковец на падините од Фрушката гора, а авторот тврди дека објекот го забележал откако ги префрлил фотографиите на својот компјутер. Тој ја понудил мемориската картичка и сите фотографии на експертизата бидејќи цврсто стои позади автентичноста на своите фотографии.

Од Природно математичкиот факултет во Нов Сад изјавиле дека доколку се утврди автентичноста на фотографијата, и потврда од цивилно воздухопловство на Србија дека во тоа време немало летачки активности над Буковца, тогаш може да се потврди дека е забележано „нешто“ што би можело да се стави во редот на „неидентификувани летечки објекти“.

Од Директоратот за цивилно воздухопловство на Србија пак потврдија дека во реонот на Буковца на 10 септември немало никакви цивилни воздухопловни летови.

Овој случај не е единствен на Фрушката гора, за што сведочи и Стеван Попов кој тврди дека во 1990 година цела единица на вонредниот лет од Загреб кон Белград видела непознат летечки објект, а контролата на летот повеќе пати повторила дека нема никаков објект на радарот. Тој вели дека и по слетувањето напишал извештај за случувањето, но не знае во чии раце завршило.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag