Нокија со идеја за спој на мобилните телефони со автомобилите

popara19 септември, 20111min00
hi

Нокија на меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт ја објави Нокија Кар Моуд, посебна апликација за прилагодување на користењето на паметните телефони во автомобил.

Оваа апликација му овозможува на возачот избегнување на непријатности при возењето, т.е. му донесува кориснички интерфејс кој го олеснува пристапот и користењето на Нокија Драјв ( гласовна упатство преку Нокија картите), информации околу сообраќајниот промет, слушање музика и гласовни повици во текот на возењето.

Апликацијава која е изградена со помош на Ку-те платформата, ќе биде достапна во Нокија продавниците на крајот од годинава, за паметните телефони врз основа на Симбиан Белеу, како што неодамна се најавени Нокија 600, Нокија 700 и Нокија 701, како и Нокија Н9.

Нокија Кар Моуд е комерцијално решение кое се подпира на Мирор Линк или попознат од минатото како Терминал Моуд. Мирор Линк е стандардна платформа за поврзување на автомобилите и паметните телефони кои користат повеќе од 20 значајни светски брендови како Кар Конективити Консортиум. Преку Мирор Линк, смартфоновите  ќе можат цврсто да се поврзат со вградените екрани, контролниот и аудиосоставот на автомобилите. На овој начин ќе им биде овозможено на корисниците да ги управуваат своите паметни телефони преку контролна плочка како уредот да е интегриран во самиот автомобил.

Меѓу другите комерцијално достапни производи, во Франкфурт е претставен и новиот Алпајн ИЦС-Х8, единица вградена во контролната плоча која допушта на возачите во прилагодените возила спојување на Мирор Линк можностите со Блутут телефонот. Кога ќе се спојат Нокија паметните телефони и Алпајн ИЦС-Х8, корисниците ќе можат да ја користат апликацијата на паметните телефони ИЦС-Х8 со седум инчната висока резолуција на екранот.

Еве како изгледа Терминал Моуд :

http://www.youtube.com/watch?v=38gH8Bs0uMQ&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag