Германскиот магазин „Дер Шпигел“, со наслов „Патриот“, објави голем текст за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Новак за неговите сеќавања од деновите на НАТО бомбардирањето во Белград, првите чекори на тениските терени, па се до глобалната популарност и популарноста во Србија.
Најдобриот тенисер добро го памти својот дванаесети роденден, но не поради подароците, туку поради бомбите. Беше 22 мај 1999 година…. стои во текстот.
„Роденденот го славев во тенискиот клуб Партизан, тоа е клубот во кој пораснав. Родителите ми пееа роденденската песна, скоро беше попладне кога почнаа нападите… наеднаш се слушнаа сирени и кратко потоа на небото се појавија бомбардерите. Летаа директно над мојата глава. Од далечина се слушаа експлозиите. Снема струја. Се плашев“, се сеќава Ѓоковиќ.
Во разговорот за овој весник, Новак изјавил дека војната од него направила подобар човек, бидејќи така научил да цени многу работи.
„Низ војната станав и подобар тенисер, се заколнав дека на светот ќе му покажам дека постојат и добри Срби“, рекол Новак.
Во статијата на Дер Шпигел стои: „ Тоа е земја на која и се потребни херои, земја која чекала на некој како што е Ѓоковиќ. Низ цел Белград може да се видат постери од него во тој позира како шампион, на киосци, на билборди, неговото име го има на поштенски марки, запалки, шеќерчиња и привезоци за клучеви. Децата повеќе не ги интересира фудбал, туку наеднаш почнале да тренираат тенис и го следат својот херој. На телевизиите се прикажуваат документарци за неговиот живот, неговите успеси“.
Дер Шпигел потсетил на освојувањето на Вимблдон, кога Ѓоковиќ стана најдобар тенисер во светот, но и на свечениот дочек и прослава во Белград со 100.000 луѓе, музика, огномет и знамиња.
„Ѓоковиќ својот пехар го посвети на својата земја. Тој е лицето на Србија и симбол на новото раѓање на земјата“, стои во Дер Шпигел.