Ноле ќе глуми во друштво на Сталоне и Ван Дам!? Ако продолжи вака да не глуми следната сезона тенисер:)

popara30 ноември, 20111min01
393a

Првиот рекет на светот отиде во Бугарија каде ќе снима холивудски блокбастер. Ѓоковиќ глуми во друштво на Сталоне, Шварценегер, Ван Дам, Брус Вилис….

Холивуд конечно ги отвори своите врати за Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на светот отпатува во понеделник во главниот град на Бугарија, каде што ќе снима сцени за продолжението на филмот “Нескршливи”.

Во Софија ќе се дружи и ќе работи на проект вреден 100 милиони долари заедно со великаните на актерството како Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Чак Норис , Жан Клод Ван Дам, Џет Ли, Џејсон Статам, Брус Вилис, Долф Лудгрен и други опасни момци од филмската индустрија, додека пак женските улоги им се доделени на Аманда Умс и Ју Нан (една од главните звезди на азиската кинематографија).

Сценариото на филмот и конкретната улога на Ѓоковиќ се уште се држи во тајна, но се знае дека конечната битка ќе ја имаат Сталоне како позитивец и Ван Дам, како негативец.

Бугарите се одушевени од доаѓањето на Новак, затоа што како наведуваат нивните медиуми “не се случува секој ден по улиците на Софија да шета најдобриот спортист на светот”.

-Новак нема да има некоја тешка улога, па се очекува на снимањата да се задржува кратко, пишува бугарскиот весник Новините.

Поточно, Новак ќе остане во Бугарија помалку од 48 часа, бидејќи Јанко Типсаревиќ го очекува на Малдивите.

One comment

  • zdravko koseski

    30 ноември, 2011 at 19:17

    najdobar e

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag