Ноле заигра фудбал:) Ќе бидне ли Меси од шампионот Ноле?:))

popara28 септември, 20111min00
97532

За  најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, многу е потешко да се игра фудбал отколку тенис, а се тоа поради офсајдот.

„Дефинитивно, потешко е да се игра фудбал, цело време внимавав да не се најдам во офсајд замка, а од друга страна пак да не бидам себичен. Се на се беше исклучително убаво да се заигра на Маракана, каде како дете доаѓав често и уживав во натпреварите на Ѕвезда“, изјавил Ѓоковиќ по хуманитарниот натпревар помеѓу женската селекција на Црвена Ѕвезда и актерите од филмот „Монтевидео, Бог те видео“.

Ѓоковиќ како гостин настапил во црвено белиот дрес и постигнал гол од пенал со кој неговиот тим победил со резултат од 4:2.

„Тука не сум важен јас, важно е дека сите се бориме за бебињата, за да собереме што повеќе пари за децата и мајките на кои им се потребни. Секој успешен човек, од било која област, мора да биде свесен дека треба да врати нешто на својот народ. Кога ми се јавија ни во еден момент не се двоумев“, изјавил Новак.

Најдобриот тенисер во светот признал дека му било многу интересно да игра фудбал во женско друштво. „Беше одлично, интересно, поинакво во секоја смисла. Посебен впечаток ми остави напаѓачката Јована, со број седум“, ја испофали Новак српската репрезентативка Јована Дамјановиќ.

Овој натпревар од хуманитарен карактер, кој се одржал на стадионот на Црвена Ѕвезда, го гледале за жал само 2.000 посетители, така што собраните финансии немале некој посебен ефект.

Влезницата чинела 300 динари, што значи дека вкупно се собрани околу 600.000 динари, двојно помалку од што е потребно за да се купи еден инкубатор. И покрај овој факт, хуманитарната акцијата била успешна, повторно заблагодарувајќи му се Новак Ѓоковиќ, кој изјавил дека неговата хуманитарна фондација ќе се вклучи во откупување на инкубаторите.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag