Норвешка најсреќна, ЦАР најтажна земја на светот!

popara9 декември, 20111min00
happy-world-map

Норвешка трета година по ред е прогласена за најсреќна земја во светот, а Централно Африканската Република за најтажна, по големото истражување за квалитетот на животот кое го спроведувало британски институт.

Нордиската земја е меѓу најбогатите во светот, а на врвот на оваа листа се најде пред се поради големиот капитал и чувството на сигурност.

Во истражувањето се испитуваа критериуми како што се економијата, претприемништвото, владата, едукација, здравје, безбедност, лична слобода, образование и општествен кккапитааал.

Данска се наоѓа на второто место, а Австралија на трето место. Потоа следува Нов Зеланд, како земја со најголема толеранција кон имигрантите, владата, образованието и личната слобода, потоа следува Шведска.

Најтажна земја на светот е Централно Африканската Република, каде 10% од децата умираат во првата година од животот, на еден учител доаѓаат 91 ученик, а основа за просперитет во оваа земја скоро и да не постои.

Во листата најтажни, на второ место е Зимбабве, каде не се почитуваат човековите права, постојаното политичко насилство, корупција итн.. на трето место е Етиопија каде писменоста на населението изнесува само 30%, 40% пак од луѓето имаат храна, а стапката на невработеност е над 20%.

Следуваат Пакистан, а на петтото место Јемен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag