Нов “лопов” меѓу ѕвездите!

popara27 септември, 20111min00
LaurynHill

Пејачката Лорин Хил е обвинета за кражба на облека од модна компанија за време на својата европска турнеја во 2007 година.

Пејачката е обвинета дека украла неколку дневни парчиња од високата мода кои  ги обезбедила компанијата “Via Davia Vintage”, за потребите на нејзината европска турнеја.

Лорин Хил се согласила да ја надомести штетата за четири недели, но да ја задржи облеката во наредните три месеци.

Меѓутоа, таа платила само 30% од вредноста на облеката и ги задржала скапоцените парчиња. Ова не е единствена ситуација во која пејачката не постапила во согласност со законот.

Неодамна Лорин Хил беше тужена поради неисплатен хонорар и вознемирување во текот на турнејата која се одржа пред четири години.

Поранешниот гитарист  од нејзиниот бенд Џеј Гор ја обвиил Лорин за малтретирање, поради што пејачката треба да плати отштета од 20.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag