Инсектите како добар извор на храна признаена и од страна на Европската Унија, што всушност нивната цел е промоција на различна храна од инсекти во рестораните ширум Брисел. Во целата операција се вложени 3.000.000 евра.
Како што јавува “Сандеј Тајмс” а пренесува Метро, моментално најпопуларни јадења се супа од шкорпии и пита од скакулци.
Истражувањето кое ја потврдува нивната хранлива вредност на инсектите не е нова, а неодамна една студија покажала дека 100 гр скакулци содржи 20 грама протеини и само 6 грама масти.
Стручњаците предвидуваат дека ќе се почне од 2020 година сосема нормално да се купуваат инсекти во супермаркети.