Нов тренд – украси за очи и трепки

popara10 септември, 20111min00
paperself-false-eyelashes

Тетоважите и хартиените украси се новиот тренд за да постигнете драматичен поглед.

Овој нов тренд на шминкање е пропратен со тетоважи (се разбира не трајни) во вид на налепници кои се ставаат директно над окото. Овој метод изгледа далеку поедноставен од шминкањето со туш и повлекувањето тенки, прецизни линии. Полесно е дури и од сенкањето со неколку нијанси.

Веќе неколку козметички брендови се појавија на пазарот со вакви производи за ноќна шема, а посебно се истакнуваат тетоважите на брендот Диор со назив „Velvet Eyes Tattoo“.

Во понудата има четири различни стилови: „Effeft Velours“ во две варијанти – тетоважи како рамни и како заоблени линии, потоа „Effeft Brilliant“ е тетоважа со Сваровски кристали и „Effeft Haute Couture“ е тетоважа која има само еден Сваровски кристал.

Хартиени украси за трепки

Со оглед на тоа што за да постигнете совршен изглед најважна е шминката на очите, козметичките куќи измислија модни додатоци и за тој дел од женското тело. Се работи за хартиени украси за трепки кои оставаат неверојатен впечаток, а инспирацијата за нив доаѓа од кинеските орнаменти изработени исто така од хартија.

Само со вакви додатоци можно е да постигнете драматичен изглед кој го насочува вниманието на вашите заводливо и забавно украсени очи.

Постојат неколку видови украси за трепки со разни имиња: Паун, Под морето, Цвет на праска, Пеперуга итн. Цената изнесува околу 18 евра, а ваквите украси можат да се најдат во козметичките салони на „Sephora“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma