Нов вид на расизам – дискриминација на грдите

popara6 септември, 20111min01
diskriminacija

Не е пријатно да се знае вистината дека атрактивните луѓе се често поуспешни од оние помалку убавите. Изгледот почнува да биде причина за голем број судски спорови како нов вид на дискриминација.

“Lookism”, или по наше „изглетизам“ е нов вид на расизам, тврдат експертите и сметаат дека овој тренд мора веднаш да се искорени пред да земе замав низ светот.

Во Америка моментално се водат неколку интересни случаи на судски спорови за дискриминација врз основа на изгледот.

Економистот Даниел Хемермаш тврди дека дискриминацијата според изглед не се разликува од оние кои ги знаеме, расната дискриминација, половата дискриминација, дискриминација заради инвалидитет и слично. Хемермаш e убеден дека неатрактивните луѓе заслужуваат полна правна заштита.

„Моето истражување покажува дека добриот изглед помага при добивање на работно место и големината на приходите“ – истакнува Хемермаш.

Научниците тврдат дека не постои шаблон за утврдување на атрактивниот изглед, секој народ си има своја убавина која е најубава за нив. Тука субјективниот фактор има примарна функција.

One comment

  • mekdonals

    11 декември, 2012 at 18:41

    ako ne se iskoreni i taka svetot odi vo propast ne mora zosto koga oligarhijta si vodi svoj nacin na kontrola i unistuvanje

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag