По се изгледа дека традицијата на откривање на прељуби кај Холивудските брачни парови се уште продолжува. По Деми Мур и Ештон Качер, дојдоа на ред Лив Шрајбер и Наоми Вотс.
Имено, порталот кој за прв пат во јавноста објави информации за неверствата на Ештон, дојде до информации и за нов холивудски пар.
Станува збор за Лив Шрајбер и Наоми Вотс, кои се во брак од 2005 година, и имаат две деца.
44-годишниот актер, наводно, завршил во кревет со моделот Фиби Робертс, со која во Австралија го снимал филмот “Mental”.
Оваа убавица работела како двојничка на актерка Тони Колет и Лив очигледно не можел да и одолее, па по една забава ја однел во неговиот стан во Main Beach.